Орбан до Борел: Бирократските бесмислици не донесоа мир во Украина

by Фокус

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека „токму бриселските бирократски бесмислици не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.

„Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски“, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Борел претходно напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.

Поврзани новости