Додик: Република Српска ќе биде независна и во федерација со Србија

by fokus

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик верува дека еден ден Република Српска ќе биде независна држава и ќе има федерален или конфедеративен статус со Србија.

Во интервју за „Вечерњи новости“, Додик изјави дека конфедерацијата или федерацијата на Србија и Српска ќе биде придонес за стабилизација и мир во оваа област.

Зошто ние Србите да немаме право на тоа? Сите се дрзнаа да се одвојат од Србите и да ја растурат Југославија, а Србите немаат право да се одвојат од муслиманите во БиХ и треба да трпат да ги угнетуваат и да им се уништи нивниот идентитет и Српска. Ова е како насилен брак, рече Додик.

Наведувајќи дека постојано се повикува на некакво помирување, Додик прашува како е можно да се помират народите кои никогаш не биле на иста страна од историјата.

Поврзани новости