Американските функционери се обидуваат да исценираат дека ситуацијата во Босна и Херцеговина е ризична, дека има криза, но не ја кажуваат вистината, затоа ќе објавам транскрипти од состаноците за јасно да се види за што се разговара, изјави денеска Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.
Тој оцени дека поврзувањето на ситуацијата во БиХ со Украина, наметнувањето стереотипи за тоа како Србите се Руси и како тој работи по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, е „неверојатна и целосна лага“.
-Имаме свои интереси, позиции, Република Српска, Уставот, се бориме за Уставот, ништо друго не правиме. Фактот што тие мислат дека треба да се водат далекусежни политики од нивните злонамерни канцеларии е друго прашање – рече Додик.