Дали растат шансите за Трета светска војна?!

by Фокус

Русија не смета дека е во војна со НАТО, а таквиот развој на настаните би ги зголемил ризиците од нуклеарна војна, што не може да се дозволи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-За жал, се добива впечаток дека НАТО верува дека е во војна со Русија – рече Лавров во интервју за ТВ каналот Ал Арабија.

Тој додал дека и некои европски лидери веруваат дека се во војна со Русија, бидејќи постојано велат дека Русија и претседателот Владимир Путин мора да бидат поразени.

-Мислам дека оние кои користат таква терминологија веруваат дека се во војна со оној што сакаат да го поразат – рече тој.

Истовремено, од САД порачаа дека не веруваат дека постои закана Русија да употреби нуклеарно оружје, и покрај неодамнешното заострување на реториката на Москва.

-Продолжуваме да ги следиме нивните нуклеарни капацитети секој ден и нашите проценки се дека нема закана од употреба на нуклеарно оружје или закана за територијата на НАТО – истакна претставник на американското министерство за одбрана.

Во меѓувреме, британски Телеграф објави дека шансите за уште еден голем глобален конфликт, и во најлош случај – нова светска војна, се многу поголеми отколку што сфаќаме.

„Никој не ја знае точната веројатност, но дури и 10 проценти шанса за глобална катастрофа во овој век би била застрашувачка и треба да го оправда итниот фокус на секоја западна земја да го избегне Армагедон со силно одвраќање, нови сојузи, големи инвестиции во одбранбено оружје и итен дипломатски ангажман“, пишува весникот.

Поврзани новости