Додека Турција, Израел и Европа аплаудираат, за Иран ликвидацијата на ал-Багдади „не е ништо посебно“

by Фокус

Иранскиот министер за информатички и комуникациски технологии, Мохамад Џавад Азари Џахроми, во однос на ликвидацијата на водачот на Исламска државата Абу Бакр ал-Багдади, оцени дека САД практично ја уништи сопствената креација.

„Ништо посебно! Вие едноставно го убивте она што самите го создадовте“, коментира на Twitter Џахроми наобјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за уништување на челникот на Исламската држава.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган реагираше меѓу првите, истакнувајќи дека „Турција е горда што им помогнала на САД, сојузникот во НАТО, да го приведе озлогласениот терорист“.

„Денес се присетуваме на сите жртви на ал-Багдади, цивили и војници, наши херои, кои ги загубија животите бранејќи го светот од терористите на Исламската држава. Турција ќе продолжи тесно да соработува со САД и другите во борбата против тероризмот во сите негови форми. Време е без одлагање да ги здружиме силите и да ги поразиме сите терористички групи кои дејствуваат во регионот“, рече Ердоган.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Трамп на „импресивното постигнување кое доведе од загинување на водачот на Исламската држава“.

„Тоа е одраз на нашата заедничка решителност, на САД и сите слободни земји, да се бориме против терористичките групи и терористичките држави. Ова е важен пресврт, но уште многу работа има пред нас – рече Нетанјаху.

Британскиот премиер Борис Џонсион и францускиот претседател Емануел Макрон оценија дека смртта на ал-Багдади е важен момент, но, порачаа тие, борбата против теророт не е готова.

Поврзани новости