Билт: Француското вето не беше само кон Македонија и Албанија, туку и кон Србија и Црна Гора

by Фокус

Нема сомнение дека Брегзит е стратегиска катастрофа за Европската унија, но се чини дека малкумина разбираат дека ЕУ се движи кон друга стратешка катастрофа на Балканот, оценува поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, Карл Билт, во колумна за „Вашингтон пост“.

„Минатата недела Франција стави вето на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија, наспроти повторената позитивна препорака на Европската комисија и волјата на другите земји-членки. Со тоа може да се урне повеќедеценискиот стратешки пристап на ЕУ кон Балканот“, предупредува Билт.

Тој потсетува дека од завршувањето на балканските конфликти во деведестите, приоритет на ЕУ беше воспоставување долгорочна стабилност на овој проблематичен дел од континентот, но, според него, за да се изгради вистински мир бара долгорочен напор, особено околу мирната интеграција.

Никој не сметаше дека членството на Северна Македонија во ЕУ ќе се одвиваше брзо. Прашањето беше за започнување на децениски процес на преговори и реформи инспирирани од таа перспектива. Впрочем, Договорот од Преспа меѓу Северна Македонија и Грција со кој се реши долгогодишниот спор за името на земјата, требаше да биде де факто предуслов за започнување на европскиот пат. Сега, Париз вели дека ова ќе мора да почека додека не се направат некои недифинирани реформи во ЕУ во наредните години, а можеби и децении“, пишува Билт.

Сепак, тој посочува дека француското вето не било вето само против Северна Македонија и Албанија, туку и против целиот процес на проширување на Западен Балкан, потопувајќи ја целата политика на проширување.

„Можеби не беше напишано експлицитно, но, имплицитно, тоа исто така значи вето и за Србија, Црна Гора и Босна и Хецеговина. Со можноста за евроинтеграција, Србија требаше да избере помеѓу својата иднина со Европа и минатото со Косово, а со тоа да се нормализираат односите меѓу Белград и Приштина. Ако Европа ја затвори вратата, ова станува неизмерно потешко. И со сите свои тензии, иднината на Босна секако ќе биде многу постабилна ако земјата беше вклучена во европските структури“, истанува Билт.

Поврзани новости