Земјотрес со епицентар во Албанија бил почувствуван во Струга

by Фокус

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван вечерва во Струга и околината.

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е регистриран во 18 часот и 39 минути.

Неговиот епицентар бил на 157 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.

Поврзани новости