Додека работел, паднал во необезбеден отвор за лифт во висина повеќе од еден метар

by Fokus

Албанец додека работел, паднал во необезбеден отвор за лифт во висина од еден метар и 70 см, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 22.30 часот во објект во изградба на ул.„Абаз Емин“ во Охрид, Џ.В.(48) од Република Албанија паднал во необезбеден отвор за лифт од висина од околу еден метар и 70 см. Со возило на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната помош бил задржан на лекување.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости