408
Деветнаесет годишениот жител на тетовското село Нераште Ј.Ќ. бил приведен откако извршил разбојничка крава во семејна куќа на В.Ѓ. во тетовското село Отушиште.
„Преку незаклучената влезна врата влегол внатре во куќата и почнал да пребарува во просториите на првиот кат. Во тоа време, В. Ѓ. (69) била во дворот на куќата и во моментот кога се обидела да влезе внатре, забележала дека вратата од куќата била отворена и слушнала тропање на катот. Се качила горе, при што го затекнала сторителот, кој вперил пиштол кон неа, а потоа побегнал“, велат од МВР.
Од таму посочуваат дека униформирани полициски службеници во Нераште го пронашле сторителот Ј. Ќ., кај кого бил пронајден и одземен еден гасен пиштол.