Полицијата трага по возачот кој прегазил Англичанец, па побегнал

by Фокус

Засега непознато лице со моторно возило после полноќ на крстосницата меѓу Јужен Булевар и Јордан Мијалков удрил S. B.(62) од Англија, по што го напуштил местото на настанот.

Според информации од МВР, повредениот со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде лекар му констатирал тешка телесна повреда.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Поврзани новости