626
Дел од жителите на село Добри Дол во општина Сопиште утринава ќе останат без вода поради дефект во водоводната мрежа, соопштуваат од јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
„Ве известуваме дека на ден 09.08.2018г. поради дефект на приклучна цевка Ф-1“(цол) на ул.1 карши продавница во Добри Дол во општината Сопиште, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с.Добри Дол од 10:00 часот до санирање на дефектот“, информираат од таму.