Шведски државјани со четири малолетни деца доживеале сообраќајка на патот Охрид-Кичево

by fokus

Шведски граѓани заедно со своите четири малолетни деца, доживеале сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево, откако преминале на другата лента од патот и удриле во друго патничко возило. При несреќата, со повреди се здобиле сопатничката од Шведска, едно од нејзините деца, и возачот на другото патничко возило, пренесуваат од МВР.

„На 08.08.2018 година околу 08.20 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за с.Ново Село-с.Црвена Вода, патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет , три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (34) од с.Ново Село, општина Дебарца. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“-Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ – А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете. Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид“, додаваат од МВР.

Поврзани новости