648
Поранешниот репрезентативец, Перо Антиќ, му порача на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, да го реши проблемот со големата наезда на комарци. Дали градоначалникот да ги плати сметките за „Аутан“ или конечно да испраска против комарците?, прашува Антиќ.
„Дали треба на господинот градоначалник Петре Шилегов да му ги доставиме сметките за АУТАН, и сличните препарати, или да го замолиме да испрска против комарци? Па имај милост, вака не ме јаделе комарци – со сигурност тврдам 36 години“, напиша Антиќ на својот фејсбук профил.