Доаѓа уште поголем студ, следуваат врнежи од дожд и снег и снежна покривка

by fokus 07:00
07:00

До крајот на денешниот ден нашата територија ќе се наоѓа под влијание на влажна воздушна маса која ќе услови нов бран на врнежи. Во исто време од север пак ќе се спушта уште постудена воздушна маса која уште повеќе ќе ги спушта температурите на воздухот. Ќе има врнежи од дожд на ниските и од снег на планинските а подоцна и на повисоките места каде ќе дојде до формирање на снежна покривка (над 15 цм).

Поради падот на температурите во вечерните и ноќните часови снежната граница локално има услови да се спушти и на помала надморска височина (низ населените места). Ќе започне да дува умерен, особено долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

- Advertising -

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени. Особено студено утро ќе имаме утре и во четврток кога минималните температури на многу места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени. На високите места и планините ќе биде уште постудено.

Максималните дневни температури понатаму ќе бидат уште пониски и истите ќе бидат најниски утре кога ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени. Исто така утре наутро особено на југ ќе има услови за послаби врнежи од снег, понекаде и од дожд и снег за потоа истите насекаде да престанат.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости