До Собранието поднесени законите за минимална плата, за стечајците и укинувањето на радиодифузната такса

by Fokus

Законот за минимална плата, за стечајните работници и за укинување на радиодифузната такса парламентарното мнозинство ги поднесе до Собранието на Република Македонија.

Според нив, како што стои во соопштението, овие закони од клучно значење ќе придонесат за повеќе пари кај граѓаните, за намалување на социјалните разлики и за исправање на децениската неправда со стечјните работници.

Со усвојување на Законот за минимална плата, сите вработени во сите стопански гранки ќе добиваат повисока минимална плата во висина од 12.000 денари. Тоа ќе важи и за вработените во кожарската, текстилната и индустријата за обувки, кои веќе нема да бидат дискриминарани и да добиваат пониска минимална плата како досега, појаснуваат во соопштението.

Поврзани новости