Според договорот кој го постигаа, партиите вечерва најдоцна до полноќ треба да ги изгласаат измените на Изборниот законик. Во моментов измените се разгледуваат во матичните комисии, а потоа на пленарна седница ќе треба да се гласа за нив.
За таа цел денеска и СДСМ се врати во Собранието, а незјиниот координатор, Горан Сугаревски рече дека се вратиле со цел да се исполни договоренето.
-Во Договорот се предвидени рокови и решенија за сите прашања, Избирачкиот список, медиумите, ингеренциите на министерот за внатрешни работи, вклучително и обезбедување непречена работа на СЈО. Ќе инсистираме овие обврски да се испочитуваат за да има избори во декември. Од овие причини, што се однесува до нашата поставеност, логичен чекор е денеска да продолжиме да учествуваме на пленарните седници во Собранието на РМ, рече Сугаревски.