До ОЈО нема пријава за лица на платен список на ЈП„Комунална хигиена“, кои живеат во Германија

by Fokus

До Основното јавно обвинителство не е стигната пријава за вработени во ЈП„Комунална хигиена“ кои земале плата од претпријатието, а живееле во Германија. Од ОЈО велат дека до нив се стугнати други пријави за случувањата во ЈП„Комунална хигиена“.

„До овој момент, до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена пријава со таква конкретна содржина. Доставени се неколку пријави поврзани со случувањата во наведеното јавно претпријатие и наводите веќе се проверуваат“, изјавија од Обвинителството.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и директорката на ЈП2Комунална хигиена“ Косана мазнева Николиќ на прес конференција за случувањата во ЈП„Комунална хигиена“ кога вработените протестираа и одбиваа да го собираат сметот во Скопје, изјавија дека во претпријатието има вработени кои се на платен список, но кои живеат и работат во Германија.

„Јавното обвинителство ги поттикнува институциите надлежни за откривање на кривични дела да извршат проверки и да достават соодветни поднесоци за сите кривични дела што притоа ќе ги откријат. Исто така, и самите претпријатија, доколку констатирале незаконитости во работењето се должни тоа да го пријават до надлежните органи“, изјавија од Обвинителството.

Поврзани новости