До крајот на следната недела ќе се трошат донираните вакцини, а потоа Филипче се надева дека ќе стигнат други

by fokus

До крајот на следната недела, според распоредот на здравствените власти, ќе се трошат 20-те илјади дози руски вакцини коишто ни ги донираше Србија, а дотогаш министерот за здравство, Венко Филипче очекува да стигнат некои од нарачаните дози вакцини.

Како што е познато власта најавува 300.000 дози вакцини да стигнат месецов, 200 илјади кинески вакцини, дел од вакцините порачани пркеу Ковакс механизмот и вакцините на Фајзер. Но точен датум нема и почна да се поставува прашањето дали ќе треба да запре процесот на масовна вакцинација, како што го нарекуваат надлежните, што се одвива во А1 арената во спортската сала Борис Трајковски.

Поврзани новости