749
Минатата седмица се прошири информација дека тв-презентерката Бесмира Ејупи е избрана за конзул во Њујорк, по што МНР веднаш ја смири „топката“ потенцирајќи дека Македонија веќе има конзул во овој град.
Запрашан за целата оваа конфузна ситуација, некогашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров даде дипломатски одговор за тоа.
„Јас не ја гледам политиката како на ти, дај ми. Ми беше јасно и јасно е дека партиите кај нас си бараат позиции. Тоа мора да биде се помалку и помалку. До кога ќе поставуваме по партиска линија директори на училишта и болници? Треба да има надолен тренд на политички поставувања и човекот да ги исполнува критериумите“, додаде тој.