До Кичеец испратен упатен акт да се јави во затвор

by fokus

Зоран Милевски Кичеец, кој беше осуден во случајот “Рекет”, откако призна вина, наскоро ќе треба да влезе во затвор, бидејќи Кривичниот суд му испратил упатен акт за издржување на тригодишната затворска казна.

Неодамна Апелација ја потврди првостепената пресуда, со што пресудата стана правосилна.

Сепак Милевски има законска можност да побара одложување на издржувањето на затворската казна, поради повеќе причини како што се грижа за деца, болест и сл.

Во „Рекет“ на затворски казни беа осудени и екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Поврзани новости