До 13 часот највисока излезност има во Демир Капија каде од отворањето на избирачките места правото на глас го оствариле 48 отсто од граѓаните запишани во избирачкиот список во оваа општина. Најмала, пак, е излезноста во општината Јегуновце.
Од Скопските општини највисока излезност има во Кисела Вода каде до 13 часот гласале 27,99. Во Сарај во првите шест часа од отворањето на гласачките кутии гласале 22,24 отсто, во Чаир 22,14 отсто, во Шуто Оризари 19,01, а во Гази Баба 26,48 отсто. Во Бутел правото на глас до 13 часот го оствариле 27,61 отсто од граѓаните.
Од останатите општини во Гостивар излезноста е 19,43 отсто, Кавадарци 39,4 отсто, Македонски брод 34,92 отсто, Каменица 42 отсто, Струга 21,32 отсто, Тетово 19,63 отсто и Штип 38,46 отсто.
Вкупно во сите 35 општини процентот на излезност на гласачите изнесува 24,38 отсто.
Од Државната изборна комисија велат дека гласањето тече непречно и дека немаат дојави за изборни прекршувања.