Член на избирачки одбор им се заканувал на набљудувачи од ЦИВИЛ, невладината го повлече својот тим од Сарај

by fokus

Од почетокот на гласањето до сега се нотирани три случаи на притисок врз мониторинг тимовите на ЦИВИЛ, и тоа во општините Штип, Кавадарци и Сарај, соопшти невладината Цивил на прес – конференција.

Член на избирачкиот одбор на ИМ 2447/1 упатил крајно сериозни закани врз мониторинг тимот на ЦИВИЛ, кој се наоѓаше на тоа и на ИМ 2447 во село Ласкарци, општина Сарај. Настанот се случил нешто по 11 часот. Заканите дошле од лицето, член на ИО, кое било револтирано од присуството на набљудувачите на ЦИВИЛ, односно од извештаите на ЦИВИЛ од првиот круг на изборите.

ЦИВИЛ одлучи да ги повлече своите набљудувачи од ова село, во кое и на првиот изборен круг се нотирани изборни нерегуларности.

– Не веруваме дека во Ласкарци ќе се одржат слободни избори. Ги повикуваме институциите, особено ДИК, да ја провери кондицијата на лицата ангажирани во своите тела, а препорачување МВР да ја засили својата контрола во овој дел од општина Сарај и да помогне изборниот процес да се одвива непречено – изјави Џабир Дерала на прес конференција.

Поврзани новости