ДКСК за посетата на Ременски: Комисијата редовно одржува состаноци со подносителите на пријавите

by fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата при постапувањето по конкретни предмети поднесени од физички лица, користи редовна практика да одржува состаноци по барање на подносителот или по сопствено наоѓање со цел да се допрецизираат или појаснат наводите, односно сомнежите изразени од подносителот. Во изминативе 12 месеци се одржани повеќе од 100 состаноци со граѓани без оглед на нивната функција и место во општеството, соопштуваат од Антикорупциската комисија откако пратеничката Фросина Ременски утринава беше во ДКСК за се информира до каде е постапувањето по пријавите која таа ги поднела.

Податоците и информациите што се добиваат од овие состаноци, посочуваат од ДКСК, комисијата ги користи во своето постапување, а конечните резултати ги соопштува на јавни седници.

– Како и досега, ДКСК во своето постапување ќе се раководи од начелата на законитост, праведност и интегритет, без оглед на тоа кој е подносител и против кој е поднесена пријавата и ќе се води по принципот на еднаков третман на сите предмети, без исклучок, се вели во соопштението од ДКСК.

ДКСК, стои во соопштението, и во изминатиот период покажа решителност и непристрасност во постапувањето по предметите. Ваквиот проактивен пристап на работење на Комисијата посебно е забележан и во последниот работен документ на Европската Комисија, во кој е истакната важноста ДКСК да продолжи со постапувањата по предмети со наводи за непотизам.

Поврзани новости