Директорот на УЈП не издржа на новинарска провокација

Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски минатата недела гостуваше на телевизија „Алсат“ во емисијата „Економски магазин“, која се емитуваше во неделата. При крајот на интервјуто, новинарката го праша Трајковски дали би испил кафе во Старата скопска чаршија со екипата на „Економски магазин“ и директорот на УЈП ја прифати поканата.

Курцшлусот настана откако новинарката го испровоцира Трајковски дали на кафе-мубаетот би дошол со специјалци, алудирајќи на акциите кои УЈП ги спроведува во албанските средини со асистенција на полицијата. Трајковски, видно вознемирен реплицираше дека не би одговорил на прашањето само затоа што новинарката е дама.

Новинарката Наташа Стојановска за „Фокус“ вели дека не сака да го коментира случајот и дека станува збор за недоразбирање.

„Фокус“ телефонски разговараше и со Трајковски од УЈП, меѓутоа тој одби да ни каже што би ѝ рекол на новинарката Стојановска доколку на нејзино место би бил новинар и на нашата констатација дека неговиот одговор во емисијата е во најмала рака непристоен тој искоментира дека имаме право да мислиме така и оти тоа е „прашање на вкусови“.

Поврзани новости