452
Директорот на ЦИА Вилијам Барнс тајно ја посети Кина во мај на разговори со неговите кинески колеги, објави весникот Фајненшл тајмс, врз основа на изјава на американски официјален претставник.
Веста за посетата доаѓа во време кога администрацијата на претседателот Џо Бајден се обидува да промовира дијалог со Пекинг.
Администрацијата на САД се залага да се задржат отворени линиите за комуникација и да се одржат закажаните состаноци меѓу официјалните претставници од двете страни, во услови на тензична атмосфера.