Рама: Косово да распише избори, Србите да се вратат во институциите

by Фокус

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека ставот на Тирана, како и на сите лидери на ЕУ и на САД, е дека моменталната ситуација на северот е неприфатлива и оти Србите треба да се вратат во институциите, а Косово треба да распише нови избори.

Рама во интервју за „ТВ Клан“ подвлече дека ставот на албанската влада е јасен – оваа ситуација е опасна и непотребна.

-Во Молдавија беа присутни сите лидери на Европа и на некои други земји, а единствениот став на сите лидери на ЕУ е ист како оној на САД, дека оваа ситуација е неприфатлива и има две работи – Србите мора да се вратат во институциите, Косово мора веднаш да распише нови избори за да се реши ситуацијата – објасни тој.

Рама објави дека на маргините на Самитот на Европската политичка заедница се сретнал со Албин Курти и Вјоса Османи, но дека не разговарале за ситуацијата на северот на Косово.

На прашањето дали тоа значи дека нема комуникација меѓу Албанија и Косово на официјално ниво, Рама рече дека тоа не е така, туку дека се работи за одговорност и надлежност на премиерот на Косово, а до одреден степен претседателот.

Поврзани новости