(ВИДЕО) Голема железничка несреќа во Индија, над 50 загинати и 300 повредени

by Фокус

Најмалку 50 лица загинаа, а над 300 се повредени во судир на патнички и товарен воз во источната индиската држава Одиша, пренесе Ројтерс.

Според објавите во медиумите, вагоните на еден од возовите излетале од шините и паднале на спротивната пруга. Набргу потоа, во нив се судрил друг воз, поради што четири негови вагони излетале од шините.

Индискиот премиер Нарендра Моди во објава на Твитер кажа дека е вознемирен од несреќата и дека неговите мисли се со семејствата на загинатите. Додаде дека спасувачките акции се во тек и дека на повредените им се укажува потребната помош.

Сè уште нема официјална потврда за бројот на загинатите во несреќата, иако локалните медиуми објавија дека има најмалку 50 жртви.

Повеќе од 350 повредени патници, пак, се хоспитализирани.

Поврзани новости