Директорот на струмичката болница побара донации на Фејсбук за болничко возило, но се повлече

by fokus

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов преку Фејсбук статус побара донации од граѓаните и од компаниите од Струмица за ново болничко возило поради малиот број на возила кои често се расипувале.

-Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се бараат донации на ваков начин , меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како „ЈЗУ Општа болница – Струмица” имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце , каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка :660270170248596 . Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело, напиша Гогов.

Сепак по многубројните негативни коментари Гогов се повлече и напиша: „После сите негативни коментари, го повлекувам статусот и упатувам апел да не се донира“.

 

Поврзани новости