Директорот на „Мој термин“ позитивен на Ковид 19, пет негови контакти од работа одат во самоизолација

by Fokus

Директорот на Управата за електронско здравство – Мој термин, Рефик Мустафа кој потпаѓа под министерството за здравство е позитивен на Ковид 19, а пет негови контакти со кои заедно работи ќе бидат 14 дена во самоизолација, неофицијално дознава „Фокус“.

Според нашите информации, в.д директорот се нашол на вчерашниот список на заразени од корона вирус, а на неговите контакти во петок им била направена епидемиолошка анкета. Тоа значи, дека се појавил и кластер-Мој термин во министерството за здравство, па сите тие во наредните 14 дена би работеле од дома.

Мустафа седна на директорското столче на „Мој термин“ пред само една година, откако владата донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на нови директори.

„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со в.д. директорот, но тој не одговараше на нашите телефонски повици.

Многумина од досегашните функционери кои се соочија со оваа опасна зараза, сами одлучија јавно да соопштат, додека дел од нив ги кријат.

И.М.

 

 

 

Поврзани новости