Директорката позитивна на корона вирус ќе биде разрешена уште денеска, ќе биде назначен В.Д. директор

by fokus

Директорката на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска ќе биде разрешена уште денеска, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче откако се консултирал со претседателката на Антикорупциска комисија која му кажала дека нема пречки да биде разрешена директорката пред избори, бидејќи разрешувањето не е поврзано со претстојните избори, туку се направени етички прекршување.

Иако во Клиниката нема работен процес, сепак, ќе биде назначен вршител на дожност за да се вршат тековните и административните работи Случајот со директорката беше објавен вчера, а претходно таа одела на работа и присутвувала на предавање со стотина дерматолози. Досега во земјава има потврдено седум случаи.

Поврзани новости