Директорката на Ре-Медика: Си купувам црква и ќе си палам свеќи за здравје

by fokus

Си купувам црква и ќе си палам свеќи за здравје“. Вака директорката на приватната здравствена установа Ре Медика Елица Јорданова, сопруга на Минчо Јорданов гледа на последната „инвестиција“ Ре – Медика да ги преземе долговите од „Бетон“ за црквата Св. Константин и Елена, објави телевизија Телма.

Станува збор за долг од 4,4 милиони евра кој кон „Бетон“ на Минчо Јорданов го имаат Фондацијата „Св. Цар Константин“ и Македонската православна црква за изградбата на храмот  во центарот на Скопје. Со тоа „Бетон“ на Јорданов, ќе го исчисти долгот и ќе го префрли на Ре-медика. Болницата ќе треба на „Бетон“ да му го исплати целиот износ со што ќе стане доверител. А одлуката треба да ја усвојат акционерите на „Бетон“ на вонредното собрание на 18 октомври.

-До сега Бетон требаше да ја продаде, а не да ја моли црквата да си ги плати долговите. Дали некој до сега се запраша дали споменикот на мајка тереза е платен како и други објекти од скопје 2014. Тој што ги нарачал тие инвестиции требало да ги плати, не е во ред со години да должат. Бетон треба да си ги наплати долговите. – вели Јорданова.

Поврзани новости