Наместо три ипол, Панчевски ќе лежи две ипол години затвор

by fokus

Апелациониот суд Скопје ја потврди затворската казна за поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски, а ја преиначи нејзината висина, па наместо 3,5 години, ќе лежи 2,5, објави порталот СДК.

Тој првостепено беше прогласен за виновен од судијката Валентина Ѓорѓиевска за кривичното дело Злоупотреба на службена положба дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година, според обвинението вкупно за 45 предмети.

Во обвинението пишува дека со свој потпис обвинетиот одредувал кој судија ќе работи одреден предмет. Ова е спротивно од Законот за судовите, со што директно влијаел на распределбата на предметите. Со преземените дејствија, обвинетиот влијаел на движењето на предметите, оформувањето, предавањето во работа и на состојбата со управувањето на системот. Во завршен збор, Панчевски кажа дека обвинението било политичко.

Поврзани новости