Мицкоски од Струга: Да изградиме нов, модерен патриотизам

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашиниот митинг во Струга порача дека потребен е нов, модерен патриотизам.

-Ова се избори кадешто ја имаме последната шанса за промени, шанса за подобро утро. Ме прашуваат што би било за тебе победа. Победа е сето она што не чинело да го корегираме, победа е кога ќе спасиме 14 животи, победа е кога ќе згрешиме да се извиниме. Победа е да создаваме принципи, да има одговорност кога треба, а кога треба да кажеме: направивме се што можеме. 30 години нижеме порази, време е да почнеме да победуваме. Паметам кога главна тема беше повлекувањето на ЈНА и созадавањето на државата, потоа дојде кризата со бензинот, лебот, млекото. Илјадници како мене, поради таа транзиција, криминална пљачка, останаа со мислата како да обезбедат егзистенцијата за децата. Па оној непотребен конфликт во 2001 година. Ајде да не дозволиме да се повтори. Да изградиме заеднички, модерен, нов патриотизам. Да создадеме заедничка иднина, да ги победиме заедничките проблеми, рече Мицкоски.

Поврзани новости