629
-Ќе добијат неоправдани изостаноци. Сите отсуства се запишуваат. Ќе биде утврдено дали се оправдани или не , па според правилникот ќе добијат педагошки мерки, изјави Драган Стојановиќ, директор на средното техничко училиште од Битола, пренесува телевизија Телма.
Ова е првпат некој од директорите на средните училишта во кои се бојкотира наставата јавно да проговори за казни и санкции за учениците кои бојкотираат, а нивниот број е 18.000.
Но, тие не се плашат од вакви закани и не се повлекуваат од своето барање за средба со министерот за образование, Абдулаќим Адеми. Се прашуваат колку денови треба да трае бојкотот за некој конечно да ги слушне и да одвои еден час од времето за да ги прими.