Џихадот на Неговата Екселенција

by Фокус

пишува Х. Сулејман Реџепи

Војната е судир на две сили: на силата за слобода и на таа за освојување, потчинување, ропство. Освојувањето или, потчинетоста, или ропството, произведува терор, насилство, масакар, шовинизам, расизам. Овој спектар на античовечките дејствувања, како никој друг народ во Балканот, најдолго и најмногу го доживеа албанскиот народ. Во бивша Југославија  сите федерални народи беа во сојуз против албанскиот народ, значи и македонскиот народ, кој, во име  на вистината, му се придружил  на овој сојуз поради идеолошки причини како последица на заедничкото генеалошко дрво. Во комунистичкиот систем Албанците се војуваа како „внатрешен непријател“.  Во име на оваа војна Албанците претрпеа  невидено насилство и терор, додека извршителите на овој терор никогаш не се квалифицираа  како терористи туку беа оценети како заштитници  на комунистичката идеологија. Токму оваа идеологија ја сметаше верата за „опиум“ додека побожните верници ги гледаше  како заостанати луѓе, архаични и за неподнослив товар за комунистите. Бидејќи носители на оваа идеологија беа претежно словените, албанскиот народ на време имаше создадено целосно неприфатлив механизам против секакво комунистичко видување, значи, и против нивното оценување дека верата била „опиум“. За Албанците, токму верата постана непреминлив беден на обидите  на создавање на нов човек со „комунистички национален идентитет“. Албанците останаа Албанци и само како Албанци се војуваа, дури и стотини години пред комунизмот, бидејќи Албанците никогаш не се помирија со ропството, секогаш се жртвуваа за слобода и права.

Оваа правична констатација  ги отфрлува  и замолкнува сите тие гласини кои разгласуваа дека Албанците војуваат затоа што припаѓаат на исламската вера и дека се непријатели на славо-христијанските мегаломании. Албанците се жртва на постојаните национални копнежи  за слобода, еднаквост и човечко третирање (вредност на општествениот демократски поредок)

Непотчинетоста произведува патолошка омраза, потоа оваа омраза произведува готовност за криминал, а готовноста го произведува теророт, етничкото чистење, зависта на уништување  на еден цел народ  во име на војната за задушување на непослушност, бунтовништво, востание, демонстрации, протести, воени  ангажирања за права и еднаквост па се до самоопределување. Ова е причината зошто Србија никогаш нема да го признае Косово како независна држава, резултат тој на вековните обиди на Албанците да се ослободат од српското ропство. Всушност, признавањето на Косово од страна на Србија ќе се случи во моментот кога ќе престане српската патолошка омраза против Албанците.

Подружници на оваа лабораторија која произведува антиалбанска омраза, за жал, се простираат и во Македонија. Македонија никако да се отцепи од таа колаборациона заклетва  против албанското битие.  Замислете, и наспроти  целосното албанско искрено залагање, политичарите на актуелната власт, албанските претставници во Собрание ќе ги нарекуваат „индијанци“ и, соработката со Албанците ќе ја сметаат за „проклетство од Господ”!

За да се ослободат од ова проклетство (затоа што проклетството доаѓа само после грешните моменти), треба да се прекине соживотот со „индијанците“, треба што повеќе да се угнетат, треба да се малтретираат, да се третираат секогаш како граѓани од вториот-третиот  ред , со толку права колку што има кметската  заедница. Архаичните подружници  на српската современа политика мислат дека оваа политика може да биде изводлива само преку припојување кон оформените коалиции за војување на „муџахединот“, „исламскиот радикализам“, „исламскиот тероризам“ и, крајно, „џихадот”! Некој си помисли, дека војувајќи им ја верата на Албанците во Македонија, многу поедноставно ќе биде да се угнетат нивните национални барања, затоа што, „антиисламската алеанса “ е мнгу широка, многу силна и нетолерантна.

Но, дали толку лесно  би прифатил Западот, теророт против Албанците  (терор е и политичката, етничката, културната, јазичната, образовната, економската дискриминација) да биде камуфлиран  со ликот на антиисламскиот верски радикализам? Не, затоа  и ќе постане Западот гарант на Охридскиот договор, перманентно барајќи и инсистирајќи на  негово целосно имплементирање во сите животни сегменти.

Според исламското видување, секој обид, секоја миролубива војна, благотворна и за доброто на целото човештво е џихад. Џихад е и ангажираноста за зачувување на националниот идентитет, за културно унапредување, образовен развој… Џихад значи и да се грижиш за еден сиромашен, независно на која етничка или верска припадност припаѓа. Џихад е и почитувањето (до небо) на секоја вера и на сите верски заедници. Значи, џихад е и да го браниш Исламот од обидите за негово искривување, како што е џихад и да се прошири вистината за Исламската вера.

Деновиве, од една видео снимка поставена  од престижниот „Daily Mail“, се слуша Папа Францеско кој покрај другото вели и дека „Ако го мешате исламот со тероризам, јас ке се налутам. Ова е навреда за муслиманите. Куранот е книга на мирот и исламската вера исто така промовира вредности на мирот и хармоничноста. Тероризмот нема вера.  Тој е таков  во секоја прилика кога нема хуманизам, туку криминал …”

Од исламка гледна точка, оваа искрена декларација на папата, несомнено дека е чист џихад. Ова е џихад, но теророт кој се врши во име на верите е, едноставно, криминал, чин кој се војува од сите нормални луѓе, од сите побожни верници, од сите небесни вери. Грев е терористот да се нарекува „џихадист“, тоа  дури е тешка навреда што и се прави на исламската вера. Во македонскиот печат последново време читаме нова терминологија: „џихадистите на ИСИС”! Сиот свет ова „движење“ го има прогласено за терористичка организација, тогаш, како е можно нејзините терористи да се нарекуваат„џихадисти“. Против оваа организација и нејзините криминалци сиот свет, а особено албанскиот свет, практикува еден вистински џихад војувајќи ги во сите фронтови, како на терен, по медиуми, по форуми и средби, соблекувајќи ги од исламската наметка  и разголувајќи ги, и, сметајќи ги без никакво двоумеење како терористи и најголемото зло на Исламот. Впрочем, која страна македонскиот печат ги смета за „џихадисти“: криминалците на ИСИС или сиот свет кој се издигнал и ги војува овие криминалци? Кој треба да се војува? Овие криминалци или сите оние кои војувајќи ги и демаскирајќи ги овие криминалци, го вршат правиот џихад, опфаќајќи ја тука и неговата Екселенција, Папа Франциск но и Претседателот Барак Обама.

Похуман и порационален пристап на западниот свет кон исламот, започнува со предавањето на Претседателот Обама години уназад во Каиро, кога обраќајќи му се на муслиманскиот свет рекол : “Америка (значи Западот) и Исламот не се исклучуваат меѓу себе и немаат потреба да вршат конкуренција меѓу себе. Во суштина, тие се поврзуваат и делат заеднички начела – начелата на правото и унапредувањето: толеранцијата и достоинството на сите човечки суштества”. Пет години подоцна (на 19 февруари 2015 година), во својот говор, во Самитот за војната против радикализмот и насилството, чиј организатор беше Белата Куќа, претседателот Обама ќе изјави: “Ние не сме во војна против Исламот, но против оние кои го искривуваат исламот. Таквите не се верски водачи туку терористи…” Потоа Претседателот Обама ќе го цитира и ајетот од Куранот “кој убива еден човек бесправно, како да го убил целиот свет”.

И, убијците несомено дека треба да се убиваат, порекнувачите на колективните права треба да се осудуваат, „робовладателите” треба да се војуваат.

Тој што се солидаризира со овие категории е нечовек, убиец (катиљ). За убиецот (катиљот) е загарантиран само Пеколот. Семоќниот Аллах вели: “Оној  што ќе убие  намерно еден верник, негова казна ќе биде Пеколот, каде  ќе остане засекогаш. Аллах е гневен  на него, го има проколнато и му има подготвено големa казна.(En Nisa, 93)

(Авторот е Поглавар на ИВЗ)

Поврзани новости