Директор казнет зашто не соработувал со СЈО

by fokus 17:43
17:43

Еден директор е парично казнет, а 8 функционери ќе заштедат од 2500 до 5000 евра бидејки Криивичниот суд ги одбил или отфрлил, 8 од 9- те барања на СЈО да се казнат на одговорни лица од институции кои на не им ги доставиле потребните податоци, објави Телма.

Овие податоци, но и анонимизираните одлуки на судиите од Кривичен ги добивме преку барање за пристап до јавни информациии откако првично судот не одговори на прашањата на Телма. Одлуката за казнетиот директор уште не е правосилна па затоа Судот не ни ја достави, но според извори на Телма станува збор за диркеторот на УБК Владимир Атанасовски кој доколку биде потврдена одлуката ке треба да ја плати 2500 евра.

- Advertisements -

Поврзани новости