Истрагата за грабежот на НЛБ се проширува на братот на осомничениот, вработен во НБРМ?

by fokus

Телевизија  24 дознава дека истрагата за кражбата на  3 милиони евра од НЛБ банка се проширува. Според  информации од добро упатени извори со истрагата бил опфатен и братот на осомничениот Бобан С. кој е вработен во НБРМ. Од Централната банка за нашата телевизија потврдуваат дека братот на осомничениот е вработен во НБРМ, но негираат било каква побрзаност на Народната банка со случајот.

„НБРМ не е инволвирана во случајот на ниту еден начин. Случајно е тоа што вработениот е брат на осомничениот, па оттука НБРМ не е поврзана со настанот.“ – велат од НБРМ.
Неофицијално, дознава телевизија дека не е исклучено и МВР  како дел од истрагата под лупа да го стави и работното место на братот на осомничениот.

Поврзани новости