Боки 13 за семејствата на жртвите од Смилковско Езеро: Болката не се ублажува, но споменот ве одржува во живот!

by fokus

По повод пет годишнината од убиството на младинците кај Смилковското Езеро, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки Тринаесетка, на семејствата на загинатите ќе им предаде уметнички слики со портретите на нивните најмили. Вели дека и по пет години, тој сеуште не може да заборави на трагедијата која што ја потресе Македонија, па сакајќи на некој начин да придонесе да се сочува споменот на загинатите деца, пред извесен период ангажирал познат ликовен уметник од земјава, кој што ги овековечил нивните ликови на платно.

,,Портретите се веќе готови, деновиве ќе им бидат предадени на членовите на семејствата на загинатите. Преголема е тежината од целата оваа трагедија, и сакав само да дадам мој скромен придонес, по повод големиот празник Велигден’’ – вели Јовановски.

Тој додава дека е свесен како болката на семејствата никој и ништо не може да ја ублажи, и секој негов збор за нивната болка е премал и незначаен.

,, Денеска се одбележуваат 5-те години од грозморното убиство кај Смислковското Езеро, наместо многу шарени јајца да ми го одбележат овој ден, јас денеска одлучив да направам нешто за тие луѓе кои ги изгубија своите деца на еден монструозен начин токму на овој ден, болката како што веќе реков, не може ништо да ја ублажи, но споменот на нивните деца ги одржува во живот, па токму тоа ќе биде мојот поклон за семејствата!

Спомен на нивните деца преку уметнички портрети насликани од наш ликовен уметник, врамени и прекрасни… Тоа нема да бидат само убави портети, тоа ќе бидат уметнички дела кои имаат посебна вредност и уште поголемо значење.

Христијански е да се сака вистински и со срце!

За многу години денешниот Велики Четврток’’ – објави Боки на својот Фејсбук профил.

Во телефонски разговор ни откри дека делата се вистинска уметност, и како го чекал христијанскиот празник, за да ја сподели веста со јавноста.

Вики Клинчарова

Поврзани новости