Дипломат повреден во напад на Белоруската амбасада во Лондон

by Fokus

Белорусија денеска соопшти дека нејзин дипломат е тешко повреден за време на инцидент во амбасадата на земјата во Лондон кога група луѓе ја оштетиле фасадата на зградата пред физички да нападнат неколку белоруски дипломати.

Напаѓачите се обиделе да се скријат, но некои од нив биле приведени и се смета дека припаѓаат на радикалната емигрантска група наречена „Наџеја“, се вели во соопштението.

На Фејсбук се појави група со исто име која ги поддржува членовите на белоруската политичка опозиција која беше задушена во масовните антивладини протести минатата година.

Во соопштението објавено на веб-страницата на белоруското Министерство за надворешни работи се наведува дека Министерството поканило британски дипломат на разговор во знак на протест поради инцидентот што се случил во неделата вечерта и дека ќе побара истрага во однос на тоа, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Поврзани новости