Пратеникот Илија Димовски застана во одбрана на својот колега Влатко Ѓорчев, кој не сакаше да се тргне од говорницата, при што собранискиот спикер Талат Џафери го повика обезбедувањето да го тргне од говорницата.
„Сакаме да имаме коректна дебата. Не сакаме турканици, а вие треба да внимавате кои механизми ги корисите во вакви ситуации. Нема ништо спорно и деловнички е Ѓорчев и било кој пратеник да се јави на збор кога сака. Тоа право не може никој да му го одземе – објасни Димовски.
На ова реплицираше собранискиот претседател Талат Џафери, кој рече дека нема потреба да се објаснува со никого, но ќе каже збор-два за јавноста и публиката.
„Секој треба да слуша додека седи на место. Јас го повикав Ѓорчев за реплика на вашата процедурална забелешка, а тој, излезе на говорницата и сакаше да искористи прво процедурална, па потоа реплика. Тоа не може така“, рече Џафери.