Алаѓозовски: Ќе преземеме се што е неопходно за санирање на „Чифте амам“

by fokus 15:02
15:02

Вчерашното невреме кое го зафати Скопје, направи штета во галеријата Чифте амам. Министерството за култура, Роберт Алаѓозовски, ја извести јавноста дека уште од вчеравечер интензивно се преземаат неопходните итни заштитни интервенции за санирање, како и теренските оценки на стручњаци за трајно решавање на проблемите.

Поради можноста од ново невреме во овој период, Национална галерија е задолжена веднаш да изврши поставување на времени елементи (стакло, плексиглас и сл.) на местата на оштетените делови во куполите, за да се спречи понатамошното оштетување на објектот.

- Advertisements -

„Во изминативе години Национална галерија постојано испраќала дописи до претходното раководство на Министерството и Владата на РМ за тековните проблеми со овој значаен историски објект. Иако санацијата на Чифте Амам е влезена во програмата на Владата за тековната 2017 година, за таа намена годинава се издвоени само 200.000 денари“, соопшти Министерството за култура и нагласи дека односот кон заштитата на културното наследство ќе се смени драстично.
Градот што падна вчера во Скопје ги искрши стаклата на куполите во Националната галерија Чифте Амам од каде навлегла вода во објектот, но за среќа е направена само материјална штета на инвентарот, а не и на вредните уметнички дела.

Поврзани новости