Димовски: Спикер може да биде и Албанец, само да распише нови избори

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ со нови услови продолжува да го блокира конституирањето на парламентот и новата влада. Илија Димовски денеска порача дека неговата партија ќе гласа за нов собраниски спикер, само под гаранција дека веднаш после тоа Собранието ќе се распушти и ќе се распишат нови парламентарни избори.

– Ајде да најдеме гаранција денеска. Ако најдеме гаранција да го распуштиме Собранието на Република Македонија, уште денес ќе биде избран претседател на Собранието што ќе има единствена улога да распише брзи локални избори и да распише брзи предвремени парламентарни избори. Па, со оваа платформа, ако победите, заедно со сите ваши ветувања за минимална плата, радиодифузна такса… ако победите, ние нема со ниту една запирка да ве стопираме за да ги реализирате ветувањата. Да најдеме гаранција, денес ќе избереме претседател и ќе го распуштиме Собранието – рече Димовски.

Во интервју на ТВ 21, Димовски, додаде и дека нема ништо против на чело на Парламентот да биде Албанец, но под услов да има нови избори.

Поврзани новости