ЕПП ја усвои резолуцијата за Западен Балкан: Македонија и БИХ најкритични

by fokus

Европската народна партија на конгресот во Малта усвои нацрт – резолуција за Западниот Балкан. Во неа, Македонија и Босна и Херцеговина се оценети како најкритични земји во регионот на кои им е потребна помош.

-Овие две држави имаат потреба од помош. Тие имаат потреба од помош и ние треба да бидеме повеќе присутни. Македонија има големи проблеми со формирањето влада, а Босна и Херцеговина е мултинационална држава- посочи Миро Ковач, поранешен министер за надворешни работи на Хрватска.

Во резолуцијата на ЕПП  се повикуваат политичките лидери да избегнуваат радикална реторика и дејства кои ги поткопуваат мирот и стабилноста.

Во неа има и директни пораки до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кои и во живо ќе му бидат пренесени во Малта од страна на европските лидери. Една од овие пораки е дека етничките провокации и било кое однесување кое може да ја наруши стабилноста и мирот се неприфатливи.

-Инсистираме на воздржување од етнички провокации и ги осудуваме сите провокации и агресивно однесување кое претставува закана за стабилноста и мирот, имајќи на ум дека мирот не може ниту да се гради, ниту да се одржува ако е базиран на националистичка, популистичка и радикална реторика. Апелираме дека вадењето на контроверзи од минатото нема да им помогне на земјите во регионот да се движат напред по нивниот европски пат, туку популизмот и национализмот само ќе ги деконцентрира- е една од клучните пораки во резолуцијата.

Поврзани новости