380
Многупати досега дававме сугестии и забелешки, но во изминативе две недели нашите барања не беа соодветно третирани, изјави Илија Димовски пред почетокот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Димовски, кој е еден од потписниците на барањето за одлужување на Конгресот, рече дека нема намера да се кандидира за лидер.
-Немам намера да поднесам кандидатура, дури и да биде одложен Конгресот за февруари, зашто мислам дека не е време за персонални решенија, изјави Димовски.
Тој објасни дека на Централниот комитет гласале за конгрес на 23 декември, а потоа добиле информации за нефер и недемократски избор помеѓу кандидатите.