Груевски пред Шутка: Притворените никого не повредиле

by fokus

Никола Груевски денеска за првпат по три недели се обрати на протестите организирани од ВМРО-ДПМНЕ, и тоа пред истражниот затвор во Шуто Оризари.

-Од име име и од името на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација-Демократска Партија за Македонско Национално Единство, од името на сите наши членови, поддржувачи од името на целиот македонски народ ги поддржувам луѓето неправедно притворени во овој затвор заради тоа што се патриоти, изразувале патриотски чувства, никого не повредиле. Ова што ви се случува вам и се случува на Македонија и не е случајно. Преку вас и преку многу други чекори, очигледно е дека се сака да се скрши и ослабне ВМРО-ДПМНЕ, а преку тоа се сака да се ослабне и духот на Македонецот и патриотскиот дух на секој еден кој ја сака Македонија таква каква што е, со целото срце и душа, рече Груевски.

Тој додаде дека народот бил со притворените лица и тие ја имале поддршката од огромен број.

Поврзани новости