562
-Ако до вчера имаше критика дека Јавното обвинителство досега не преземало никакви активности, денеска има критика зошто Обвинителството преземало активности поврзани со овие случаи, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, коментирајќи ја денешната пресконференција на Петре Шилегов.
Димовски вели дека СДСМ ги менувала ставовите на дневна основа.
-Јавното обвинителство како посебен единствен и независен орган и сите други институции и судската власт и Парламентот и Владата единствено се надлежни да постапуваат согласно законите во Република Македонија, рече Димовски.