Законите за прекршоци, за општа управна постапка и за парнична постапка, што вчера ги донесе Собранието, предвидуваат три критериуми по кои ќе се одмерува, односно нивелира санкцијата, а кои во суштина значат драстично намалување на глобите за прекршоците за најголемиот дел од субјектите во Република Македонија.
-Со Законот за прекршоци суштинска новина е воведување на принципот на нивелирање на санкциите согласно економската моќ на субјектите. Овој принцип беше ветен со предизборната програма на нашата коалиција и денес сме посебно горди што успеавме да го исполниме тоа наше ветување, рече денеска Илија Димовски на денешната пресконференција.
Димовски објасни дека во пракса ова значи дека дека глоба во иста висина како досегашната ќе плаќаат само фирмите кои имаат над 250 вработени (а такви се само 0,3% од фирмите во Македонија) и имаат годишен приход од најмалку 100 милиони денари.