486
По три дена преговарање, партиите успеаја да се договорат за составот на Комисијата за избори и именувања, односно кој да го добие претседателското место.
СДСМ отстапи од барањето за претседателот на Комисијата да биде од нивните редови, што значи дека претседателот ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ. Според досегашните информации, тоа ќе биде Илија Димовски.
Со ова е одблокиран процесот за продолжување на конститутивната седница, која е закажана за во понеделник. Претходно, партиите го договорија соодносот на членови во Комисијата: ВМРО-ДПМНЕ доби шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден член.