Спасовски: Прифативме претседател од ВМРО-ДПМНЕ за да се откочат процесите

by fokus

Прифативме претседател да биде член од ВМРО-ДПМНЕ за да се откочат институциите, за да не бидат граѓаните заложници на ниеден политичар и политичка партија, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски по завршувањето на координативната средба.

-Сметам дека ова е потребно и добро затоа што најмногу штета трпат економијата и државата, и на тој начин Македонија да почне да чекори напред се со цел и државата и граѓаните да имаат корист од институциите. Комисијата ќе биде формирана на конститутивната седницата. Денес ќе доставиме известување за ова до Собранието и некаде в понеделник треба да продолжи конститутивната седница, изјави Спасовски.

Тој објасни дека  во секој случај може да се вршат опструкции, без разлика дали имате или не претседател на Комисијата.

Поврзани новости