Лавров: Кризата во Македонија е вештачка

by fokus

Официјална Москва се надева дека западните земји ја сфаќаат опасноста од обидите за дестабилизација на ситуацијата во Македонија, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Спутник“.

Лавров смета дека е чудно што Балканот се перцепира како регион на руски „провокативни активности“, а секои нормални релации меѓу Русија и балканските земји предизвикуваат загриженост на Запад.

– Сегашната ситуација во Македонија е малку покомплицирана, дури би ја нарекол и криза, во голем дел предизвикана вештачки, која води до ситуација за обиди за поделба на општеството – вели Лавров.

Поврзани новости